MKinformer

your daily dose of news

500 евра казна за жител на Чашка кој со вила усмртил куче

07/03/2026 20:47

Основниот суд во Велес изрече парична казна од 500 евра за жител на Општина Чашка кој повредил куче што подоцна починало од здобиените повреди.

Според судската пресуда, инцидентот се случил на 13 мај минатата година околу 8:30 часот во селото Мартолци.

Кучето, кое му припаѓало на соседот на обвинетиот, влегло во дворот од семејната куќа. Дворот, според информациите, не бил ограден.

Откако го забележал животното, обвинетиот посегнал по вила со четири метални краци и двапати го прободел кучето, еднаш во пределот на главата и еднаш во пределот на вилицата.

Поради сериозните повреди, кучето било во тешка клиничка состојба и покажувало знаци на шок. Ветеринар од ветеринарна станица подоцна донел одлука животното да биде евтаназирано поради тешките повреди и страдања.

Судот утврдил дека со ваквиот чин на животното му биле нанесени непотребни маки и болки, по што обвинетиот бил прогласен за виновен и му била изречена парична казна.

error: Содржината е заштитена од копирање !!