MKinformer

your daily dose of news

Трајановски: Власта да реагира на ценовниот шок

09/03/2026 18:50

Членот на Управниот одбор на ГРОМ и поранешен заменик-градоначалник и советник во Град Скопје, Александар Трајановски, преку објава на социјалните мрежи реагираше на актуелната состојба со цените на горивата и економскиот притисок врз граѓаните.

Трајановски потсетува дека во февруари 2022 година, со почетокот на војната во Украина, политичките партии во земјава отвораа итни дискусии за можни економски мерки.

„Тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција и држеше итни состаноци на Извршниот комитет, со барање акцизите на горивата да се намалат за 50 проценти“, потсетува Трајановски.

Според него, денес ситуацијата е поинаква, бидејќи истата партија ја има извршната власт.

„Денес ВМРО-ДПМНЕ е власт, речиси цел Извршен комитет е дел од Владата, но ниту денес ниту вчера нема состаноци за да се пресретне ценовниот шок за граѓаните“, наведува Трајановски.

Тој прави и споредба со мерките во регионот.

„Додека Србија забранува извоз на нафтени деривати, Хрватска ги замрзнува цените на горивата, а Грција прогласува криза, нашата Влада со скрстени раце ‘будно’ ја следи ситуацијата“, порачува Трајановски.

Со оваа реакција, тој повикува на поактивен пристап и конкретни економски мерки што би го ублажиле ударот врз стандардот на граѓаните.

error: Содржината е заштитена од копирање !!