MKinformer

your daily dose of news

Уапсени шест лица на журката на „Хугел“ во С.Ц. „Борис Трајковски“, при акција пронајдена дрога

14/03/2026 13:04

Шест лица биле уапсени во полициска акција што изминатата ноќ била спроведена во Скопје, кај спортски центар „Борис Трајковски“ на подрачјето на Карпош.

Акцијата ја реализирале полициски службеници од СВР Скопје, односно Единицата за недозволена трговија за време на журката на францускиот диџеј Хугел.

Проверени 33 лица

Во рамки на контролата, полицијата извршила преглед и проверка на идентитет на вкупно 33 лица.

Притоа, од слобода биле лишени Љ.П. (42), С.Н. (45), Љ.А. (43) и И.Ц. (37) од Скопје, М.С. (33) од Неготино и Е.Л. (21) од Република Албанија.

Пронајдени повеќе видови дрога

Според информациите од МВР, при прегледот кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и друга прашкаста материја.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!