MKinformer

your daily dose of news

САД и Кина почнаа нова рунда трговски разговори во Париз

15/03/2026 13:51
Representatives of the USA and China shake hands

Високи економски претставници на САД и Кина денеска почнаа нова рунда трговски разговори во Париз. Целта е да се намалат недоразбирањата во трговското примирје и да се подготви терен за најавената посета на Доналд Трамп на Пекинг кон крајот на март, пишува Ројтерс.

Разговорите ги предводат американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг. Според најавите, во фокусот ќе бидат царините, ретките минерали, американските извозни контроли за висока технологија и кинеското купување американски земјоделски производи.

Во фокусот се царини, ретки минерали и технологија

Средбата се одржува во седиштето на Организацијата за економска соработка и развој во Париз.

Покрај Бесент, во разговорите ќе учествува и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир. Ова е продолжение на серијата средби што двете страни ги имаа и лани во европски градови, во обид да се намалат тензиите меѓу двете најголеми светски економии.

Аналитичарите не очекуваат голем пробив

И покрај новата средба, аналитичарите сметаат дека шансите за голем напредок се ограничени.

Причината е краткото време за подготовка, но и фактот што вниманието на Вашингтон е силно насочено кон војната со Иран. Според проценките, главната цел на двете страни засега е да се избегне ново влошување на односите. Без очекувања од двете страни за продлабучување на договорот е ставот и на повеќе аналитичари. Можеби затоа не се очекува да се постигне крупен договор.

Во тој контекст, се очекува средбата во Париз повеќе да помогне да се зачува моменталното примирје, отколку да донесе вистински пресврт.

Трамп планира посета на Кина во април: Тајван и трговијата во фокусот на односите со Пекинг

Трамп сака резултати пред посетата на Пекинг

Според проценките, Трамп би сакал од евентуалната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг да излезе со конкретни економски резултати.

Меѓу можните теми се нови кинески нарачки на авиони „Боинг“, купување американски течен природен гас и зголемен увоз на соја од САД.

Но, за да добие такви отстапки, Вашингтон можеби ќе мора да понуди олеснување во делот на извозните ограничувања за висока технологија.

Војната со Иран влијае и врз трговските теми

Разговорите во Париз речиси сигурно ќе ја допрат и кризата на Блискиот Исток.

Тоа особено се однесува на растот на цените на нафтата и затворањето на Ормускиот теснец. Ова е чувствителна тема за Кина, бидејќи голем дел од нејзината нафта доаѓа токму преку тој коридор.

Во меѓувреме, САД веќе најавија и 30-дневно олеснување за продажба на руска нафта заглавена на танкери. Со цел да се зголеми понудата и да се намали притисокот врз пазарот.

Ќе се прави и ревизија на трговското примирје

Се очекува двете страни да направат и пресек на тоа колку ги исполнуваат обврските од трговското примирје договорено во октомври 2025 година.

Тој договор тогаш помогна да се избегне нова голема ескалација. Со него беа намалени дел од американските царини за кинески увоз. Додека Кина привремено ги замрзна строгите контроли за извоз на ретки минерали.

Истовремено, САД го паузираа и проширувањето на листата кинески компании на кои им е забранет пристап до американска висока технологија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!