MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски за Лукровски: Ако е на боледување, зошто барале да биде избришан од Централен регистар од одговорно лице во Општина Карпош?

10/05/2026 9:35

Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски тврди дека Општина Карпош се обидела да ја доведе јавноста во заблуда со објаснувањето дека градоначалникот Сотир Лукровски не поднел оставка, туку бил на боледување.

Јакимовски јавно прашува како тогаш Општината побарала од Централниот регистар Лукровски, кој беше избран за градоначалник на локалните избори на 2 ноември, да биде избришан како одговорно лице. Наместо него, според неговите тврдења, било побарано да се впише заменикот Крстевски, но таквото барање било одбиено.

Тој отвора и прашање за постапувањето во Трезор. Според Јакимовски, таму било испратено потписно картонче само со потпис од овластениот заменик, без потпис на градоначалникот кој треба да го даде овластувањето.

Поранешниот градоначалник прашува и зошто шоферот на Лукровски дошол да го раздолжи службеното возило. Тој ги донел и другите предмети што ги користел градоначалникот, ако навистина станува збор само за привремено отсуство.

„Ова не е боледување, Ова е бегство од Карпош, Ова е незаконско купување време“, наведува Јакимовски.

Тој тврди дека оставката на Лукровски се најавувала повеќе од четири месеци. Според него, за тоа бил запознаен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Јакимовски оценува дека отворањето боледување и назначувањето заменик не е решение. Според него, станува збор за обид формално да се прикаже боледување, а фактички да се подготвува заминување.

Во својата реакција, поранешниот градоначалник додава дека ВМРО-ДПМНЕ ја заглавило Општина Карпош. Според него, сега со лаги, правни акробации и партиски маневри се прави обид да се покрие целиот случај.

error: Содржината е заштитена од копирање !!