MKinformer

your daily dose of news

Србија и НАТО почнаа заедничка воена вежба кај Бујановац, во фокусот мировни операции

13/05/2026 8:58

Србија и НАТО ја почнаа првата заедничка воена вежба, која ќе трае до 23 мај во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“, во близина на Бујановац.

Во фокусот на активноста се тактики, техники и процедури што се применуваат во операции за поддршка и одржување на мирот. Информацијата ја потврдија НАТО и српското Министерство за одбрана.

Во вежбата учествуваат околу 600 припадници на Војската на Србија. Присутни се и војници од Италија, Романија и Турција.

Организатори на вежбата се Командата на копнената војска на Србија и Командата на здружените сили на НАТО од Неапол.

На терен има и воени планери и набљудувачи од повеќе држави. Меѓу нив се САД, Велика Британија, Германија, Франција и Црна Гора.

Вежбата е во рамки на „Партнерство за мир“

Активноста се одржува во рамки на програмата „Партнерство за мир“, во која Србија членува од 2006 година.

И покрај тоа, Белград и натаму официјално ја задржува политиката на воена неутралност.

Токму затоа вежбата има и пошироко политичко значење. Таа се случува во период кога Србија балансира меѓу соработката со НАТО, односите со Русија и врските со други воени партнери, меѓу кои и Кина.

Повторно се отвора прашањето за воената неутралност

По почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година, Србија најави прекин на воените вежби со меѓународни партнери.

Сепак, во годините потоа имаше и исклучоци. Меѓу нив беа и вежбите „Платински волк“ со САД и со други членки на НАТО.

Новата вежба повторно го отвора прашањето како Србија ја толкува својата воена неутралност. Особено во услови кога истовремено одржува практична безбедносна соработка со западните партнери.

error: Содржината е заштитена од копирање !!