Историска средба Трамп-Џинпинг, значајна година за односите меѓу Кина и САД
14/05/2026 9:19
Кинескиот претседател Си Џинпинг на почетокот на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг порача дека очекува 2026 година да биде „историска, значајна година“ за односите меѓу двете земји. Истата формулација ја пренесоа кинеските државни медиуми.
Си оцени дека Кина и САД имаат повеќе заеднички интереси отколку разлики. Тој нагласи и дека економските и трговските односи меѓу двете држави се заемно корисни.
Средбата се одржа во Големата сала на народот во Пекинг. На Трамп му беше приреден свечен пречек со црвен тепих, почесна гарда и церемонија пред почетокот на разговорите.
Според медиумските извештаи, Трамп ја опишал средбата како можеби „најголемиот самит досега“. Воедно изразил оптимизам за идните односи меѓу Вашингтон и Пекинг.
Во фокусот на разговорите се трговијата, технологијата, безбедноста, Иран и Тајван. Особено чувствително останува прашањето за Тајван, за кое Шји предупредил дека може да стане опасна точка во односите меѓу двете сили ако не се третира внимателно






