MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Трамп го испофали Си на средбата во Пекинг: Чест ми е што сум ти пријател, нè чека фантастична иднина

14/05/2026 14:48

Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата во Пекинг го пофали кинескиот лидер Си Џинпинг, оценувајќи дека е „голем лидер“ и додавајќи дека му претставува чест што е негов пријател. На почетокот на лидерската средба, Трамп изрази оптимизам за иднината на односите меѓу двете земји.

„Ќе имаме фантастична иднина заедно“, порача Трамп, додавајќи дека односите меѓу САД и Кина ќе бидат „подобри од кога било“. Кинеските државни медиуми ја пренесоа неговата изјава од разговорите во Големата сала на народот во Пекинг.

Од своја страна, Си Џинпинг истакна дека заедничките интереси меѓу Кина и САД се поголеми од нивните разлики. Тој порача дека двете сили треба правилно да ги менаџираат несогласувањата и да градат постабилни односи.

Кинескиот претседател се осврна и на чувствителното прашање за Тајван. Според извештаите, Си предупредил дека погрешно управување со тоа прашање може да ги турне односите меѓу двете земји во опасна насока.

Средбата Трамп и Си во Пекинг се одржа со свечен пречек, а на разговорите присуствуваа и високи претставници задолжени за трговија, безбедност, одбрана и надворешни работи од двете страни. Посетата на Трамп на Кина треба да трае до петок, а во програмата е предвиден и државен банкет во негова чест.

error: Содржината е заштитена од копирање !!