MKinformer

your daily dose of news

ВМРО-ДПМНЕ удри по Абази: Со затворањето на предметот за мазутот спасени луѓе блиски до СДС и ДУИ

14/05/2026 9:34

ВМРО-ДПМНЕ упати остри обвинувања кон шефот на ЈО ГОКК, Ислам Абази, по одлуката да се затвори предметот за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, тежок 167 милиони евра.

Од партијата тврдат дека со оваа одлука правдата е ставена во служба на СДС и ДУИ. Од кривична одговорност биле спасени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, бизнисменот Асмир Јахоски и други лица поврзани со случајот.

„Во случајот во кој целата јавност виде сериозни индиции за тежок криминал, Абази не виде докази“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Абази имал законска можност да го продолжи гонењето или предметот да го предаде на друг обвинител. Наместо тоа, според нив, дал согласност случајот да биде затворен уште пред да стигне до суд.

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е скандалозна одлука

Во реакцијата се наведува дека за првпат предмет од, како што велат, толку висок јавен интерес се затвора пред да биде доставен во судска постапка.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека одлуката не е донесена од правни, туку од политички причини.

Поради тоа, партијата побара Ислам Абази да поднесе оставка.

Обвинувања и за влијание врз правосудството

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ упати критики и кон Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран Заев.

Од партијата тврдат дека тие и натаму имаат влијание врз правосудниот систем.

Случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино деновиве е во центарот на политичките реакции, откако Обвинителството ја запре истрагата што се однесуваше на повеќе лица и компании.

error: Содржината е заштитена од копирање !!