MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно време, попладне можен пороен дожд и грмежи

14/05/2026 8:37

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност. Можно е да има пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната ќе достигне меѓу 19 и 24 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а температурата ќе се движи од 9 до 23 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи. Во попладневните часови наместа ќе се создава нестабилна облачност со дожд и грмежи. Во сабота се очекуваат поизразени процеси, со пообилен дожд, грмежи и засилен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!