УХМР: Денеска дожд, силен северен ветер и снег на планините, од понеделник стабилизација
30/04/2026 8:57
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат од 15 до 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух од север, на планините дождот ќе преминува во снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено, брзината на ветерот ќе надминува 60 километри на час. Утринската температура ќе се движи од 5 до 10 степени, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 9 степени наутро до 13 степени во текот на денот.
Според најавите на УХМР, од утре до крајот на неделата ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. Ќе има повремени врнежи од дожд, а температурите ќе продолжат да опаѓаат. На одделни места утринската температура ќе се спушти и под нула.
Од понеделник се очекува стабилизирање на времето. Најавен е и постепен пораст на дневната температура.





