MKinformer

your daily dose of news

Се урна мост, сообраќајот во прекинат во двата правци!

19/05/2026 10:49

Инцидент ноќеска без повредени

Дел од мостот на границата помеѓу Босна и Херцеговина и Хрватска се урна ноќеска. Сообраќајот е целосно прекинат во двата правци помеѓу граничните премини:

  • Стара Градишка (Хрватска)

  • Градишка (Босна и Херцеговина)

Според првичните информации, нема повредени.

Целосна забрана за сите возила

Поради сериозноста на оштетувањето на мостот, во сила е целосна забрана за сообраќај за сите возила.

Сообраќајот се пренасочува кон други локации. На останатите гранични премини веќе се бележат задржувања на патнички возила од 10 до 30 минути.

Алтернативни правци

На босанскохерцеговската страна, Граничната полиција на БиХ и локалната полиција го пренасочуваат сообраќајот кон:

  • Граничен премин Јасеновац

  • Граничен премин Дубица

  • Граничен премин Костајница

error: Содржината е заштитена од копирање !!