MKinformer

your daily dose of news

И го одземал возилото на бившата, го запалил, па украл друго возило за да си оди дома

21/05/2026 20:48

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С. од тетовското село Волковија поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „одземање моторно возило“ и „предизвикување општа опасност“.

Според информациите од полицискиот билтен, на 4 и 5 декември 2025 година, пријавениот од домот на неговата поранешна девојка во село Брвеница ги одзел клучевите од нејзиното возило.

Потоа, како што наведува полицијата, во селото Брвеница го опожарил возилото.

По тоа, исто така во Брвеница, одзел патничко возило на друго лице и заминал кон селото Волковија.

Од полицијата информираат дека против него е поднесена соодветна кривична пријава и дека случајот е документиран.

error: Содржината е заштитена од копирање !!