(Видео)Трагедија во Сараево: Трамвај излета од шините и урна станица – едно лице загина
12/02/2026 17:10
Едно лице загина, а две се повредени откако трамвај излета од шините и целосно урна трамвајска станица во Сараево, јавуваат босанските медиуми.
Несреќата се случила на раскрсницата кај Земскиот музеј, кога трамвајот што сообраќал од правец на Железничката станица кон Башчаршија излетал од шините и завршил на коловозот.
Според официјалните информации од Министерство за внатрешни работи на Кантонот Сараево, едно лице смртно настрадало, а две лица се повредени. Неофицијално, станува збор за маж.
– Во трамвајската несреќа на подрачјето на Центар, едно лице го загуби животот. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Известен е јавен обвинител – изјави портпаролката на МВР, Мерсиха Новалиќ.
На местото на настанот излегле голем број полициски службеници и пожарникари, додека екипи на Итната медицинска помош со повеќе возила ги пренеле повредените во болница.
Од фотографиите и видеоснимките што се појавија во јавноста може да се види дека трамвајската станица е речиси целосно уништена по излетувањето на возилото од шините.
Надлежните институции спроведуваат истрага за утврдување на причините за несреќата.
Jedna djevojka je smrtno stradala nakon što je u Sarajevu tramvaj iskočio iz šina, saznaje @IstragaB pic.twitter.com/4XiO0zKiHS
— Istraga.ba (@IstragaB) February 12, 2026






