MKinformer

your daily dose of news

Нови цени на горивата од полноќ: Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

26/05/2026 13:25

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај.

Според одлуката, од 27 мај 2026 година во 00:01 часот, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета.

Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 87,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 89,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 94,00 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува 92,00 денари за литар.

Регулаторите донесоа и корекција кај мазутот. Малопродажната цена на Мазут М-1 НС се зголемува за 0,330 денари по килограм и ќе изнесува 51,144 денари за килограм.

Претходната одлука на РКЕ, која важеше од 19 мај, ги утврди цените од 87,00 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, 89,00 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98, 92,00 денари за дизел и 93,50 денари за екстра лесното масло за домаќинство, што значи дека сега има благо покачување кај бензините и ЕЛ-1, додека дизелот останува на исто ниво.

Со новата корекција, возачите од полноќ ќе плаќаат поскапо за бензин, додека кај дизелот нема промена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!