MKinformer

your daily dose of news

ВНИМАВАЈТЕ: Од утре нов сообраќаен режим кај „Лимак“, се менуваат правците кон Аеродром и Тутунски комбинат

01/06/2026 7:48

Од утре официјално стапува на сила нов сообраќаен режим кај Лимак, на улиците што водат кон подземната сообраќајница под комплексот згради. Измените доаѓаат во фаза кога се привршуваат градежните работи за првата фаза од проектот, вредна 77 милиони денари, односно околу 1,2 милиони евра, а изведувач е скопската компанија „Ленди груп“.

Промени кај кафеана „Ив“

Со новиот режим, сообраќајот од Јужен булевар кон Кисела Вода ќе се одвива по улицата кај кафеаната „Ив“. Таа траса станува еднонасочна, а ќе биде поставен и нов семафор за лево вртење, со кој ќе се овозможи приклучување на улицата „Есенинова“ кон Општина Аеродром.

Нема повеќе лево вртење кон Тутунски комбинат

Улицата покрај Пазарната инспекција, која води кон Тутунски комбинат, веќе е направена еднонасочна, но во спротивен правец. Тоа значи дека од Јужен булевар повеќе нема да може да се врти лево кон Аеродром и Тутунски комбинат. Наместо тоа, движењето ќе биде од Тутунски комбинат кон Јужен булевар, со директен влез во подземната улица.

Стеснета е и крстосницата на „11 Октомври“

Како дел од измените, веќе е стеснета и крстосницата на улицата „11 Октомври“ на потегот од Центар кон Кисела Вода и Тутунски комбинат. Наместо досегашните три, сега таму има две сообраќајни ленти, поради поставување нова жардиниера.

Со тоа, нов сообраќаен режим кај Лимак носи сериозни измени за возачите што секојдневно минуваат низ овој дел од Скопје, па се очекува во првите денови да има потреба од дополнително внимание и прилагодување на новите правци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!