81-годишен кумановец уапсен поради палење стрниште
06/06/2026 18:42
81-годишен кумановец уапсен поради палење стрниште и сува трева
Денеска (06.06.2026) во 13:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Т. (81) од Куманово, поради основи на сомнение дека на улицата „Народна револуција“ во Куманово запалил стрниште и сува трева.
Пожарот изгаснат, нема повредени
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Следува кривична пријава
По целосно документирање на случајот, против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.





