Земјоделски парадокси: Субвенции растат, родот опаѓа
10/06/2026 11:34
Шокантни нелогичности во земјоделството: Се зголемуваат субвенциите, а производството опаѓа
Администраторот на тутунарска група постави дилеми кои бараат одговори
Во фејсбук групата „Македонски тутунари“, администраторот Васко Курајчки Јосифовски објави статус во кој изнесе низа одлични дилеми и логички заклучоци, преточени во прашања што ја разоткриваат контрадикторноста во македонското земјоделство.
Зошто површините и субвенциите растат, а производството oпаѓа?
Јосифовски вели дека не може да разбере како е можно секоја година да растат површините пријавени за субвенции, да растат и вкупните исплатени суми на субвенции, a во исто време земјоделското производство драстично да опаѓа.
Помалку млеко, а истото поевтино, парадокс без објаснение
Според него, неразбирливо е и како може да има се помалку стока, се помалку млеко, а самото млеко да биде се поевтино. „Не ми фаќа црпкава“, пишува тој, укажувајќи на целосниот раскош помеѓу економските законитости и реалноста.
Житото поевтино од триците: апсурд на пазарот
Курајчки поставува и прашање како е можно житото да биде поевтино од триците, како еден леб да чини колку четири килограми пченица, и како имаме домашна неоткупена пченица, а истовремено увезуваме брашно.
Апел до оние кои знаат повеќе
„Бидејќи сум сигурен дека јас не сум идиот и знам дека многу знам, би сакал некој кој знае уште повеќе, барем да се обиде да ми ги објасни овие абнормални аномалии“, заклучува Јосифовски, оставајќи ги прашањата отворени кон јавноста и институциите.







