Вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи во кривопаланечко
17/06/2026 14:45
Вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи во село Огут, кривопаланечко, информираат од полицијата.
Според информациите, на 16.06.2026 во 13:00 часот во ОВР Крива Паланка, од Јавната здравствена установа Крива Паланка било пријавено дека на место викано „Пољана“ во селото Огут има починато лице.
Телото е предадено на обдукција
По преземените мерки било констатирано дека станува збор за С.Ј. (52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.
Увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка.






