Уапсен Бедри Бериша алиас Зекири, бегалец поврзан со скопскиот нарко клан Барон
19/06/2026 20:18
Уапсен Бедри Бериша алиас Зекири денеска во акција на АНБ и МВР.
За него претходно била издадена потерница.
Според информациите, тој се поврзува со скопскиот нарко клан Барон.
Префрлен во полициска станица во Скопје
Од МВР за Телма потврдиле дека уапсениот бегалец е префрлен во полициска станица во Скопје.
За него има затворска казна за обид за убиство.
Според објавените информации, тој се барал за издржување казна за две дела.
Вкупната казна изнесува пет години затвор.
Претходно бил приведен на Блаце
Пред пет години Бериша бил запрен и приведен на граничниот премин „Блаце“.
Сепак, по интервенција на полициски началник бил пропуштен.
Тоа се случило пред да се утврди дека по него има распишана потерница.
Се споменуваше и во список за помилување
Бериша пред три години добил негативно мислење за помилување од Министерството за правда.
И покрај тоа, неговото име се нашло на списокот на затвореници кои ги помилувал тогашниот претседател Стево Пендаровски.






