MKinformer

your daily dose of news

Тетовец измамен за 3.400 евра од жена која се претставувала како универзитетска професорка

27/06/2026 13:20

Шеесет и седумгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен за 3.400 евра од жена која лажно се претставувала како универзитетска професорка.

Според информациите од МВР, тетовецот во текот на изминатите три месеци во повеќе наврати ѝ позајмувал пари на жената. Таа била од полошкото село Неготино.

Жената, според пријавата, му кажала дека нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција и дека итно ѝ се потребни средства за лекување.

Подоцна, пријавителот сфатил дека станува збор за измама. Потоа случајот го пријавил во СВР Тетово.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

error: Содржината е заштитена од копирање !!