Дел од Карпош денес без вода поради дефект на „Народен фронт“
01/07/2026 7:33
Жителите на дел од Општина Карпош денес ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Прекинот е поради дефект на затворач со пречник од 150 милиметри на улицата „Народен фронт“ број 21.
Без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата „Народен фронт“, на потегот од Домот на печатот до улицата „Франклин Рузвелт“, како и дел од улицата „Васил Ѓоргов“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот. Како што е најавено, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

