Приведен Словенец, запалил знаме пред Општина Прилеп
11/07/2026 20:39
Словенец уапсен откако запалил знаме пред Општина Прилеп
Инцидентот се случил во текот на ноќта
Државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, го симнал и запалил знамето на Општина Прилеп.
Инцидентот се случил на 11 јули околу 1:05 часот пред општинската зграда, каде што полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ј. (43) од Република Словенија.
Следува соодветен поднесок
Според МВР, лицето го извадило знамето поставено пред општинската зграда и потоа го запалило.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






