Водата во Гостивар е технички исправна, но сè уште не смее да се користи за пиење
27/07/2026 12:04
По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар доби статус на технички исправна.
Граѓаните повторно можат да ја користат за капење, миење садови и други домаќински потреби. Сепак, водата сè уште не е дозволена за пиење и подготовка на храна.
Потврдено подобрување на состојбата
Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој посочи дека резултатите од анализите покажале подобрување на состојбата, но мерките за претпазливост и понатаму остануваат во сила.
„Во координација сме со Општината за сè што треба да се преземе понатаму. Сакам лично да изразам благодарност до гостиварчани за нивното разбирање, но и до сите експерти кои помогнаа да дојдеме до оваа фаза – техничка вода. Играње со здравјето на граѓаните нема“, изјави Тошковски.
Земени шест примероци од различни места
Според стручните служби, биле земени шест примероци од различни локации во водоводната мрежа.
Во текот на три последователни дена, кај сите примероци било потврдено дека водата може да се користи како техничка.
Забраната за пиење останува
И покрај подобрените резултати, водата сè уште не треба да се користи за пиење, готвење и подготовка на храна.
Ограничувањето ќе остане во сила додека надлежните институции не потврдат дека водата е целосно безбедна за употреба.
Граѓаните треба да ги следат официјалните препораки и соопштенија до донесувањето нова одлука.







One thought on “Водата во Гостивар е технички исправна, но сè уште не смее да се користи за пиење”
Comments are closed.