MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Карпош две недели по невремето: Остатоците нерасчистени, Лукровски на одмор во Охрид после само еден месец на работа

02/08/2026 18:49

Карпош две недели по невремето сè уште се соочува со паднати дрвја, гранки, отпад и други остатоци на повеќе локации, според поплаките што до редакцијата на МК Информер ги доставуваат жители на општината.

Граѓаните реагираат дека расчистувањето се одвива бавно и дека на дел од локациите самите мора да се справуваат со последиците од силното невреме.

Истовремено, извори на МК Информер тврдат дека градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, заминал на годишен одмор во Охрид, едвај еден месец по неговото враќање на работа.

Граѓаните и натаму пријавуваат нерасчистени локации

Силното невреме што го зафати Скопје на 21 јули предизвика голема материјална штета, особено во Карпош. На ниво на Скопје беа евидентирани 189 паднати дрвја, 117 оштетени возила, 35 оштетени покриви и десетици повредени лица.

Општина Карпош веднаш по невремето соопшти дека нејзините екипи интервенирале на повеќе критични локации. Тогаш беа расчистени паднати дрвја на улиците „Јуриј Гагарин“ и „Драгиша Мишовиќ“, како и на плоштадот „Делфина“.

На 22 јули, Општината информираше дека службите продолжуваат со активности на терен и со расчистување на последиците. Сепак, речиси две недели подоцна, жители тврдат дека дел од остатоците сè уште не се отстранети.

Од „подобар и помотивиран“ до брз одмор

По враќањето на функцијата, Лукровски во објавите на социјалните мрежи тврдеше дека се чувствува добро и дека е мотивиран за работа.

Поради тоа, информациите за неговото наводно заминување на одмор предизвикуваат прашања кај жителите. Особено бидејќи се појавуваат во период кога сè уште трае санацијата на штетите.

Да биде трагедијата уште поголема, да не беше невремето со кога Лукровски повеќе се „снимаше“ отколку што се справуваше, и едно тв гостување, карпошани немаше ни да знаат дека градоначникот Лукровски се вратил на работа.

Општината треба да одговори

МК Информер ќе побара одговор од Општина Карпош дали Сотир Лукровски користи годишен одмор, и од што се измори градоначалникот после само еден месец откако е вратен на работа.

Карпош две недели по невремето и натаму има нерасчистени остатоци, а во овие месец дена ништо друго ниту се работи, ниту се спроведува во Општина Карпош.

error: Содржината е заштитена од копирање !!