Хуманоиден робот нападна муштерија во продавница во Русија, интервенираа вработените
02/09/2026 18:00
Хуманоиден робот нападна муштерија во продавница за технологија во Саратов, Русија, а снимката од безбедносните камери брзо се прошири на социјалните мрежи.
Според објавените информации, мажот му пришол на роботот и се обидел да се ракува со него.
Кога роботот не реагирал, мажот го турнал.
Роботот тргнал кон него и почнал да клоца
Неколку моменти подоцна, машината се придвижила кон муштеријата.
На снимката, според описите на настанот, се гледа како роботот почнува да го удира со нозете.
Присутните веднаш реагирале.
Вработените го совладале роботот
Неколку лица успеале да го задржат роботот и да го прекинат инцидентот.
Во интервенцијата учествувале и вработени во продавницата.
Муштеријата, според првичните информации, бил видно вознемирен.
Не се пријавени сериозни повреди.
Случајот предизвика бројни реакции на интернет, особено поради необичната сцена во која хуманоиден робот нападна муштерија по кратка интеракција во продавницата.






