MKinformer

your daily dose of news

Црн печат во пасош, а они „на шипка“ во охридско кабаре: Со активна забрана за влез во Македонија, руски државјанки затекнати во кабаре во Охрид

28/11/2026 21:21

Руски државјанки со активна забрана за влез во Македонија биле затекнати во кабаре во Охрид при полициска контрола.

Контролата била спроведена на 28 ноември, околу 00:30 часот, од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Во акцијата учествувала и мобилната единица „Task Force“.

Според информациите, жените влегле на територијата на Македонија и покрај активната забрана за влез во државата.

Засега не е соопштено кога и на кој начин руските државјанки влегле во земјата, ниту како ја заобиколиле забраната за влез.

Не се наведени ниту причините поради кои претходно им била изречена забрана за влез во Македонија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!