MKinformer

your daily dose of news

ВИДЕО: Автомобил излетал од патот и се превртел на Стража – пожарникари ги извлекуваат повредените

28/11/2026 21:28

Сообраќајна несреќа на Стража се случи вечерва на патниот правец кон Гостивар, каде што патничко возило излетало од коловозот и се превртело.

Според првичните информации на „Прес24“, во несреќата има повредени лица.

На местото на несреќата интервенира и противпожарна екипа за извлекување на повредените од превртеното возило.

Засега не е познат бројот на повредените, ниту тежината на нивните повреди.

Се очекуваат официјални информации од надлежните институции за причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа на Стража.

error: Содржината е заштитена од копирање !!