MKinformer

your daily dose of news

Водата од „Тасино Чешмиче“ во Скопје не е безбедна за пиење – откриен зголемен број колиформни бактерии

28/11/2026 12:23

Водата од „Тасино Чешмиче“ во скопската општина Центар не е безбедна за пиење, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.

Според последните бактериолошки анализи на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, водата од левата и десната јавна чешма не ги исполнува пропишаните стандарди за пиење.

Со лабораториските испитувања е утврден зголемен вкупен број колиформни бактерии во водата.

Резултатите од анализите се доставени до локалната самоуправа, по што градоначалникот упати предупредување до граѓаните.

Герасимовски апелираше граѓаните да не ја користат водата за пиење сè до добивање нови резултати од испитувањата.

Предупредувањето ќе важи сè додека лабораториските анализи не потврдат дека водата од „Тасино Чешмиче“ повторно е безбедна за пиење.

error: Содржината е заштитена од копирање !!