MKinformer

your daily dose of news

Камен пијана, но борбено расположена: Скопска дама со 2.88 промили тргнала да се пресметува со полицајци

28/11/2026 16:42

Со 2.88 промили алкохол во крвта и агресивно однесување кон полицајци, 39-годишна скопјанка го завршила утрото со приведување од полицијата.

Според полицискиот билтен, на 28 ноември, во 4 часот наутро, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Д.П. (39) од Скопје на подрачјето на Карпош.

Причина за приведувањето било нејзиното агресивно однесување кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

При преземањето на полициските мерки било утврдено дека скопјанката е под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случајот, против скопјанката со 2.88 промили алкохол во крвта ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!