(Видео)Бугарските навивачи добија ќотек во Франција: Маскирани навивачи на Марсеј ги нападнале навивачите на Левски, има повредени
27/11/2026 9:56
Бугарските навивачи на Левски беа цел на насилни напади на стадионот „Велодром“ во Франција, каде што гостуваа на натпреварот против Марсеј во рамките на Лигата на Европа.
Според бугарскиот спортски портал „Гонг“, маскирани навивачи на францускиот клуб ги нападнале гостинските фанови, а дел од повредените биле пренесени во болница.
Марсеј го доби натпреварот од петтото коло со минимални 1-0, но фудбалот остана во сенка на сериозните инциденти на трибините.
Маскирани хулигани ги нападнале навивачите на Левски
Според информациите на бугарскиот портал, во нападите биле употребени ножеви, палки и пиротехнички средства.
Полицијата и редарските служби, според истиот извор, не успеале да го спречат насилството.
Голем број гостински навивачи биле принудени да го напуштат својот сектор поради опасноста за нивната безбедност.
Bagarre en Jean Bouin entre Marseillais et Buglares @maritimamedias #TeamOM #OMLEVSKI https://t.co/NPzD7e9xNC
— Enzo BUONALANA (@Enzobuonalana) November 26, 2026
Инцидентите продолжиле и на полувремето од натпреварот.
Бугарските навивачи завршиле во болница
Во нападите се повредени повеќе навивачи на Левски, а дел од нив биле изнесени од стадионот и пренесени на болничко лекување.
Засега не е познат точниот број на повредени, ниту тежината на нивните повреди.
Нападите врз бугарските навивачи на „Велодром“ отвораат прашања за безбедносните мерки и организацијата на натпреварот.






