MKinformer

your daily dose of news

Украле цел систем за греење од зграда во изградба во Ѓорче Петров

28/11/2026 15:18

Систем за греење е украден од објект во изградба на приватна фирма во скопската општина Ѓорче Петров.

Според полицискиот билтен, крадците од објектот одзеле топлотна пумпа, шест фенкојлери и други предмети.

Кражбата била извршена во периодот од 19 часот на 26 ноември до 9 часот на 27 ноември, со употреба на физичка сила и погоден алат.

Случајот вчера бил пријавен во СВР Скопје.

Од МВР не соопштуваат колкава е вредноста на украдениот систем за греење и другите одземени предмети.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!