Преговори за новата влада во тек, Николовски-Груби видени на средба во скопски ресторан
07/08/2020 17:17Попладнево во еден скопски ресторан се сретнале генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби.

ТВ21 ги контактираше двете страни, од СДСМ велат дека се водат преговори за стабилна Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата.
Од друга страна Груби за ТВ21 дека комуникацијата и средбите со СДСМ се секојдневни.






