Близ Матуиди го напушта Јувентус, познат и новиот клуб
10/08/2020 13:59Во Јувентус се очекуваа промени по елиминацијата од Лион во осминафиналето и тие веќе се случуваат.

Прво веќе следниот ден отказ доби Маурицио Сари, а на негово место на тренерското столче на „старата дама“ седна Андреа Пирло. Сега следат промени во играчкиот кадар.
Еден од играчите кои во текот на сезоната добиваа големи критики заминува од клубот. Блез Матуиди ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во тимот на Бекам, Интер Мајами.
Јувентус овој трансфер официјално не го потврдил, но веста е објавена од сите најпознати италијански новинари меѓу кои е Ромео Агрести кој е близок со клубот. Поради тоа работата може да се смета за завршена.






