MKinformer

your daily dose of news

Националната платформа за онлајн-настава падна за време на тестирањето

28/09/2020 13:16

„Ерор“ на националната платформа за он-лајн учење.

Додека училиштата и надлежното министерство се тркаат со времето за успешен старт на наставата, неуспешниот прв пробен час на националната платформа за он-лајн учење ги разгневни родителите кои реагираа преку социјалните мрежи. Дел од нив велат дека ако платформата не фукционира „на проба“ тешко дека дека он-лајн наставата ќе може да се реализира преку неа.

Од Министерството за образование пак, велат дека мора да ги лоцираат проблемите на платформата за таа да биде целосно функционална.

-Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме целосно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови.-МОН.

Додека трае тестирањето на платформата, во продавниците расте побарувачката на сега веќе „задолжителните наставни помагала“ – комјутери, таблети и телефони.

Во меѓувреме околу 40.000 деца немаат можност за он-лајн настава. Тие часовите ќе треба да ги гледаат на телевизија. Канал 5 побара, но до почетокот на вестите не доби одговор за тоа до каде е ваквиот план на Министерството за образование.

error: Содржината е заштитена од копирање !!