MKinformer

your daily dose of news

Доларот повеќе не е светска водечка валута

25/11/2020 16:01

Доларот повеќе не е водечка валута во светот, бидејќи еврото го надмина како валута за плаќање на меѓународниот пазар, првпат од февруари 2013 година.

Дури 37,82 проценти од меѓународните трансакции со пари се извршени во европска валута, објави Блумберг, повикувајќи се на податоците на Светската асоцијација на меѓубанкарски финансиски телекомуникации.

Здружението вклучува 200 држави и 11.000 финансиски институции.

Еврото е проследено со американскиот долар, британската фунта, јапонскиот јен и канадскиот долар, што го истурка кинескиот јуан од петтата позиција.DO

Користењето на доларот е намалено за 4,6 проценти од декември минатата година до октомври годинава, па сега тој изнесува 37,64 проценти од уделот.

Во исто време, еврото порасна за шест проценти.

Американскиот долар остана на прво место кога станува збор за пласирање заеми и кредити. Експертите сметаат дека економската криза се должи на пандемијата, американските претседателски избори и трговската војна со Кина кои се причини за овој пад на доларот на листата на најважни валути, пишува Спутник.

Од својот врв во март, доларот во меѓувреме ослабна за 11 проценти, а експертите велат дека тој ќе продолжи да паѓа понатаму.

error: Содржината е заштитена од копирање !!