MВР со полни раце работа за Бадник и Божиќ: За три дена пoлициjaтa caнкциoниpa 1.436 возачи, од нив 237 за брзо возење
08/01/2021 15:07На 5, 6 и 7 јануари организациските единици за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР на територијата на целата држава санкционирале вкупно 1.436 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.
Како што соопшти МВР, меѓу другите, 237 санкции се изречени за возење со поголема брзина од дозволената, 87 за возење нерегистрирано возило, а 192 санкции за управување возило без положен возачки испит, 50 за управување на возило под дејство на алкохол, 178 за непрописно престигнување.


![Приведени 16 возачи за безобѕирно возење, 11 биле без возачка дозвола apsenje-uck-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/apsenje-uck-11.jpg)



