Др. Пановски предупредува: Бpитaнcкиoт coj на Koвид-19 ce шири побpзо, здpaвствeните влacти да бидат спpeмни
01/02/2021 15:06Постојат научни докази кои потврдуваат дека пренесувањето на британскиот сој на ковид-19 се шири многу побрзо, посочува микробиологот Никола Пановски во изјава за „Алсат“ и апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита за да не дојде до нов раст на бројот на заболени.
„Тоа значи дека ако имаме 10 луѓе тие ќе заразат 15. А, досега би заразиле 10. Тоа е огромна бројка. Масовните групирања би придонеле овој вирус кој побрзо се шири, полесно се лепи за нашиот нос, за слузницата на носот, би направиле нов пик, нови хоспитализации и нови смртни случаи. Значи, никако групирања, особено во затворен простор, бидејќи тогаш ширењето е поголемо и би било поголемо од што беше во ноември,“ вели Пановски.
Тој посочува дека за новиот сој на вирусот има податоци дека делумно покажува и поразлична клиничка слика.
„Недостасува симптомот губиток на вкус и мирис што го имаше кај претходниот. Значи, има некои податоци за различна клиничка слика, смртноста или е малку поголема или не. Иако, тој не е посмртоносен индивидуално, смртноста ја гледаме на голема група пациенти, ќе се зголеми и смртноста. Што повеќе болни, повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи“, вели тој.




![Втop cлyчaj нa зaбoлeн сo индиcкиoт coj нa кopoнaвиpyc во Македонија korona-makedonija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/04/korona-makedonija1.png)
