MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Tpaгичнa cooбpaќajнa нecpeќa нa пaтoт Охрид-Кичево: Eднo лицe гo зaгy6и живoтoт, a двajцa ce тeшko пoвpeдeни

23/03/2021 9:27

Еден загинат и двајца тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.

 

До несреќата што се случила околу 18 часот на делницата меѓу селата Песочан и Арбиново дошло при директен судар на патничко моторно возило и возило за достава, при што на самото место загинал возачот во автомобилот, додека тешки телесни повреди здобиле двете лица од комбето.

 

Од силината на ударот е опожарено доставното возило кое целосно е изгорено.

 

Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид за да се утврдат околностите и причините што довеле до несреќата.

 

Тој дел од автопатот е во изградба веќе неколку години, на делници се одвиваат градежни зафати и реалативно е слабо обележан и обезбеден.

 

Дека станува збор за тешка сообраќјна несреќа говори и видеото од немилиот настан кое што го објави Охрид вест:

 

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

error: Содржината е заштитена од копирање !!