Зaплeнeти чeтиpи вpeќи co мapихyaнa вo нaпyштeн oбjeкт вo Дебар
04/05/2021 13:00Припадници на Одделението за внатрешни работи од Дебар вчера во напуштен објект откриле и заплениле четири вреќи со марихуана.
– Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Дебар, на излезот од Дебар, во стар напуштен објект во близина на Градскиот стадион, пронашле четири вреќи со марихуана, во вкупна количина од околу 20 килограми, изјави денеска Стефан Димоски од Секторот за внатрешни работи Охрид.
Тој додава дека по насоки на Јавен обвинител дрогата е предадена на вештачење, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Напуштениот објект каде што била скриена дрогата се наоѓа на излезот од Дебар на регионалниот патен правец Дебар – Струга.


![(Фото+Видео) Голема пoлициcкa aкцијa вo тeкoт нa нoќтa: Зaплeнeтa дpoгa вo вpeднocт oд 200 илjaди eвpa - oвa ce дeтaлитe policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)



