Избyвнa пoжap вo пoдзeмнa гapaжa вo Охрид: Изгopea тpи aвтoмoбили, cтaнapитe eвaкyиpaни – ова се деталите
28/05/2021 10:17Пожар ноќеска околу полноќ избувна во подземна гаража на станбена зграда во центарот на Охрид. Притоа опожарени се три возила, а евакуирани се станарите од влез на објектот, поради интензивен чад последица на пламенот.
На лице место интервенираше Територијалната единица за противпожарна одбрана од Охрид со сите расположиви ресурси за таа намена. Пламенот е изгаснат, но во акцијата се потрошени сите боци со кислород наменети за интервенции во затворени простории.
На местото на настанот беа присутни и екипи на Службата за итна медицинска помош, кои исто така интервенираа кај лица што подолго време вдишувале чад.
Освен причинетата материјална штета, за среќа нема повредени во пожарот, а причината за неговото избувнување ќе ја утврди истрагата.


![ОПОЖАРЕНИ ТРИ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ ВО СКОПЈЕ pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)



