MKinformer

your daily dose of news

Избyвнa пoжap вo пoдзeмнa гapaжa вo Охрид: Изгopea тpи aвтoмoбили, cтaнapитe eвaкyиpaни – ова се деталите

28/05/2021 10:17

Пожар ноќеска околу полноќ избувна во подземна гаража на станбена зграда во центарот на Охрид. Притоа опожарени се три возила, а евакуирани се станарите од влез на објектот, поради интензивен чад последица на пламенот.

На лице место интервенираше Територијалната единица за противпожарна одбрана од Охрид со сите расположиви ресурси за таа намена. Пламенот е изгаснат, но во акцијата се потрошени сите боци со кислород наменети за интервенции во затворени простории.

На местото на настанот беа присутни и екипи на Службата за итна медицинска помош, кои исто така интервенираа кај лица што подолго време вдишувале чад.

Освен причинетата материјална штета, за среќа нема повредени во пожарот, а причината за неговото избувнување ќе ја утврди истрагата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!