Tpaгедија: Пoчинa пациентот на кого му беше пpeсадено срце
05/07/2021 16:57Од бактериска инфекција починал 51 годишниот скопјанец на кого му беше пресадено срце. Пациентот починал пред неколку дена на Клиниката за кардиохирургија. Информацијата ја потврди и министерот Венко Филипче, кој изјави дека и покрај тоа што операцијата била успешна, пациентот починал од бактериска инфекција. Тој исто така посочи дека состојбата на пациентот за време и по операцијата била критична и дека лекарите направиле сѐ што е во нивна моќ.
„Не е точно и не коректно да се кажува дека се потфрлува во некој дел. Инфекции во интензивните неги од специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. Други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција, па се излекувале. Не значи дека, ако има инфекција, дефинитивно нема да се спаси. Тоа е еден процес кој го има на интензивните лекувања на пациенти кои престојуваат заради друга болест, изјави министерот Филипче во Утрински брифинг.






