MKinformer

your daily dose of news

Ѓоковиќ влезе во историја: Освоен шестиот Вимблдон, вкупно 20 гренд слем титули

11/07/2021 17:17

Новак Ѓоковиќ го победи Матео Беретини со 3-1 во сетови и стана шампион на Вимблдон трет пат по ред.

Ѓоковиќ дојде до победа над Беретини по малку помалку од три и пол часа на игра, во сетови – 6: 7, 6: 4, 6: 4, 6: 3.

Српскиот тенисер ја освои 20. Грен слем титула во својата кариера, што се изедначи со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ова е шести пат за Новак да го освои трофејот на Вимблдон, и трет пат да го освои Грен слем турнирот оваа сезона, па тој ќе има можност да стигне до таканаречениот „календарски слем“ на УС Опен

error: Содржината е заштитена од копирање !!