ЈАНИК СИНЕР СО ПОБЕДА НАД АЛКАРАЗ ДО ПЕХАР НА ВИМБОЛДОН
14/07/2025 8:42
Јаник Синер со 3-1 во сетови го победи Карлос Алкараз и ја освои својата четврта грен-слем титула, прва на Вимблдон.
За Карлос Алкараз, ова беше негово трето последователно финале на Вимблдон и имаше импресивна серија од 20 победи на турнирот, но таа низа заврши денес.
Шпанецот го отвори мечот одлично, освојувајќи го првиот сет со 6-4. Сепак, натпреварот потоа доби поинаков тек.
Јаник Синер направи целосен пресврт, освојувајќи ги следните три сета со идентични 6-4, 6-4 и 6-4, со што триумфираше со 3-1 во сетови.
Со оваа победа, италијанскиот тенисер ја прекина победничката серија на Алкараз на Вимблдон и ја освои својата прва титула на овој престижен турнир.






