Tpaгедија во рудникот Суводол: Одрон на земја затрупа млад машинист, починал на лице место
20/07/2021 13:26На 20.07.2021 во 02.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Суводол“, во одрон од земја, бил пронајден затрупан машинистот К.Т.(38) од Прилеп.
Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.





