Популарниот холивудски пар го доби своето прво дете
19/08/2021 17:36Холивудската актерка Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг Колин Џост го добија своето прво дете. Џост ја соопшти среќната вест на Инстаграм.
„Добивме бебе, неговото име е Космо. Многу го сакаме“, напиша Џост.
Магазинот People ги објави првите информации за раѓањето на детето, а веста за бременоста беше изненадување за многумина.
Ова е прво дете на 39-годишниот Џост, додека 36-годишната Скарлет има 6-годишна ќерка од претходниот брак.






