MKinformer

your daily dose of news

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, околу 14.000 граѓани ги провериле своите податоци

09/09/2021 18:45

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до вчера 13.916 лица се провериле во Избирачкиот список.
Како што се посочува во соопштението, поднесени се вкупно 140 барања за запишување во Избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 43 барања за измена на податоците во Избирачкиот список. Исто така, до ДИК, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 88 барања

error: Содржината е заштитена од копирање !!