УАПСЕН ДИЛЕР НА ДРОГА
16/03/2023 9:31Борбата против нарко-трговијата во Македонија продолжува. Во изминатиов период, специјалните единици од МВР, во различни акции уапсија голем дел на дилери со значително количество на наркотици за продажба, кај себе.
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера во 13:45 часот, го лишиле од слобода Г.Р.(24) од Скопје.
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






