МИЦКОСКИ, АХМЕТИ, ДИМИТРИЕВСКИ, ЈАКИМОВСКИ ГО ОСУДИЈА ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ НА ТРАМП, ОД СДСМ И ЛЕВИЦА МОЛК
14/07/2024 10:01
Лидерите на политичките партии во Македонија го осудија обидот за атентат врз Доналд Трамп кој се случи вчера на митинг во Пенсилванија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Хрстијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша:
Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп.Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ.
Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ беше краток во своето излагање и ја упати следната порака:
Волјата во човекот не може да се убие! Поддршка за Претседателот Трамп!
Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски му посака брзо опоравување и победа на претсојните претседателски избори во САД:
Денеска е извршен обид за атентат врз Доналд Трамп во Пенсилванија. Искрено му посакувам брзо опоравување и голема победа на престојните претседателски избори во САД.
До сега ниту еден официјален претставник од СДСМ нема дадено изјава ниту напишано порака со поддршка и осуда за атентатот врз Трамп.






